Skip to main content

Мицкоски: Владата нема ингеренции да се меша во изборот на членови на Судскиот совет доколку кандидатите ги исполнуваат законските услови

Тој е кандидат којшто го гласа Парламентот и како член во Судскиот совет од редот на малцинствата што се повеќе од 20 проценти, во случајот дел од албанската заедница, рече Премиерот Мицкоски.

Се додека кандидатот ги исполнува условите согласно повикот и сите тие критериуми согласно закон, ние тука не можеме ништо да направиме како Влада, на крајот останува на пратениците дали ќе го поддржат или ќе бараат друго решение, рече Мицкоски во одговор на прашањето да даде коментар за реакциите за предлогот за нов член кој претходно бил советник во МВР.

Поврзани вести