Skip to main content

Мал авион се урна во Мавровско Езеро, едно лице е повредено

Мал авион се урна во Мавровско Езеро.

Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција, информира директорот на ЦУК Мухамед Али.

Станува збор за авион од марката Пајпер (Piper) со регистрација N5005W за 4 лица, во кој имало 2 косовски државјани.

Поврзани вести