
Втората победа во Конференциската лига за македонскиот првак Шкендија значи чекор до нок аут фазата. Екипата од Тетово вчера со 2:0 го совлада првакот на Словачка Слован Братислава.
– Играчите ги извршија сите поставени задачи. Ова беше добар настап како тим, но ќе бев уште позадоволен да постигневме уште некој гол. Сè уште не сме обезбедиле пласман и имаме уште ден натпревар за играње. Очекувам дека во Ларнака играчите да го дадат својот максимум, изјави тренерот на Шкендија Јетон Беќири на прес конференцијата.
Шкендија по пет одиграни кола со седум бодови се наоѓа на 21.место, а првите 24 екипи натпреварите ги продолжуваат во следната фаза.

Македонски







