Skip to main content

Фон дер Лајен за Украина: Претстојната недела ќе биде одлучувачка

Facebook / European Commission

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека разговарала со партнерите од таканаречената „Коалиција на подготвените“ за ставање крај на војната во Украина и истакна дека партнерите потврдиле дека целта е да се постигне праведен и одржлив мир.

Одржливиот мир значи дека секој мировен договор не смее да содржи семе на иден конфликт и да ја дестабилизира пошироката европска безбедносна архитектура“, напиша фон дер Лајен на X.

Таа изјави дека со партнерите разговарала за потребата од „робусни и сигурни“ безбедносни гаранции.

Фон дер Лајен додаде дека ги информирала лидерите од групата „Коалиција на подготвените“ за работата за обезбедување финансии за Украина за периодот 2026-2027 година.

Нашите предлози се на маса и на сите им е јасно колку е итна ситуацијата. Претстојната недела ќе биде одлучувачка“, напиша Фон дер Лајен. 

Поврзани вести