Skip to main content

Британската морнарица следела руска подморница низ Ламанш

Руска подморница била следена од Британската кралска морнарица во тридневна операција низ невреме во Ламанш, пренесе ДПА.

Брод за поддршка „РФА Тајдесурџ“ (RFA Tidesurge) со хеликоптер Мерлин бил распореден за да ја надгледува подморницата од класата Кило – „Краснодар“ и придружниот реморкер „Алтај“.

Руските пловила пловеле на запад од Северното Море низ Доверскиот Теснец и во Ламанш.

Нема ништо како руска подморница за да го изостри вниманието на секој морнар, изјави капетанот Џејмс Ален, командант на „РФА Тајдесурџ“ .

Одржувањето отворено присуство и континуирано надгледување на руските пловни објекти во водите на Обединетото Кралство е од витално значење за националната безбедност, изјави потполковникот Дејвид Емери, командант на лет на Атлантската ескадрила на 814-от поморски воздушен ескадрон.

Кога подморницата, која пловела на површината и покрај временските услови, пристигнала во близина на островот Ушан, северозападно од Франција, Тајдесурџ и хеликоптерот, кој останал на бродот за време на целата операција, ја предале должноста за следење на сојузник на НАТО.

Ова следење доаѓа откако патролниот брод „HMS Mersey“, хеликоптер „Wildcat“ од 815. поморски воздушен ескадрон и специјализиран авион „Merlin“ за лов на подморници од 824. поморски воздушен ескадрон беа вклучени во следењето на руската подморница „Novorossiysk“ додека таа пловеше западно од водите на Обединетото Крластво во јули.

Претходно оваа недела, министерот за одбрана Џон Хили го најави „Атлантски бастион“, нова високотехнолошка сила вредна повеќе милиони фунти за заштита на подводните кабли и цевководи од заканата од руски подморници.

Ова дојде откако Министерството за одбрана соопшти дека имало зголемување од 30 проценти на руски пловни објекти кои ги „загрозуваат“ водите на Обединетото Кралство во изминатите две години.

Обединетото Кралство, исто така, на почетокот на овој месец го потпиша одбранбениот пакт „Луна хаус“ со Норвешка за заштита на подводните кабли од руска закана.

Поврзани вести