
Од 10 до 13 декември во киното „Мис Стон“ во Прилеп, ќе се одржи јубилејното десетто издание на интернационалниот филмски фестивал „Винтер aприкотс”(„Winter apricots”) Филмската програма, поделена на македонска, балканска и интернационална селекција, ќе прикаже краткометражни дела кои ја истражуваат современата визуелна естетика, наративната концентрација и темите на современиот свет. Селектираните дела се одбрани од 760 пријавени филмови од 77 држави.
Најавената програма опфаќа: фотографски изложби, промоции на книги и трибини,
концерти и музички перформанси, програма на танцови филмови што традиционално го отвора фестивалот, како и специфични хибридни формати на уметничка соработка.
Според Дарко Ѓорѓиески,, еден од организаторите на фестивалот, вака поставената
структура функционира како интердисциплинарен културен мост, создавајќи средина
каде што филмот, литературата, музиката и визуелната уметност не се паралелни патеки, туку точки на пресек.

Македонски







