Skip to main content

Салах исклучен од составот на Ливерпул за натпреварот против Интер

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, е исклучен од составот за натпреварот на Ливерпул против Интер во шестото коло од Лигата на шампионите.

Триесет и тригодишниот Египќанец не е стартер во три последователни натпревари за „Црвените“, а два од нив ги помина на клупата. 

По ремито 3:3 со Лидс во 15. коло од англиската Премиер лига на 6 декември, Салах го критикуваше Ливерпул и неговиот тренер за нивниот однос кон него.

Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Интер ќе се одржи утре (9 декември), на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

Поврзани вести