
Гостински победи донесоа двата денешни натпревари од 16. коло во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ) во кои Силекс го совлада Работнички со 3-0, додека АП Брера триумфираше над Шкупи со 3-1.
Силекс лесно извојува победа на гостувањето во Скопје, откако веќе во воведните петнаесетина минути обезбеди водство од 2-0 со головите на двојниот стрелец Мирчевски (10 и 13 минута). Точка на победа на кратовскиот прволигаш стави Додев во 44 минута.
АП Брера ја прекина серијата од три последователни порази, совладувајќи го последнопласираниот Шкупи со головите на Макиќ (7), Ивановски (17) и Тодоров (51). Почесниот гол за Шкупи го постигна Шуку (85).

Завршното 16. коло на есенскиот дел од сезоната во ПМФЛ ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот во Гостивар меѓу Арсими и Пелистер.

Табела: Вардар 42, Струга 41, Шкендија 36, Силекс 31, Башкими 22, Арсими 21 (-1), АП Брера 19, Тиквеш 18, Македонија ЃП 15, Пелистер 15 (-1), Работнички 7, Шкупи 1.

Македонски







