
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е и актуелен претседател на Владата, денеска пред почетокот на партискиот конгрес во Кавадарци изјави дека очекува да бидат усвоени неколку стратешки документи на Конгресот и да продолжат да работат во интерес на граѓаните.
Очекувам да бидат усвоени неколку стратешки документи меѓу кои и патоказот за годините што се пред нас, политиките и визијата што како партија и како Влада ќе ги застапуваме во годините што следат. Очекувам славенички амбиент после историската и голема победа на локалните избори и во тој дух очекувам да продолжиме да функционираме и да работиме и понатаму. Наш главен мотив и инспирација се интересите на граѓаните, така беше досега, така ќе биде и отсега – рече Мицкоски.
Осумнаесетиот конгрес, како што рече, е можеби најголемиот по број на посетители и делегати кој што досега бил одржан во историјата на партијата.

Македонски







