Skip to main content
По прославата на Денот на албансото знаме, каде македонското, спротивно на закон, никаде го немаше

Мицкоски: Не знам дали советниците на ВМРО ќе ја поддржат работата на струшкиот градоначалник

Премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите остро реагираше на случувањата во Струга, каде што за време на одбележувањето на празникот општинските власти поставија големи албански знамиња на кејот, без притоа да биде истакнато и македонското државно знаме – спротивно на Законот за употреба на знамената. Законот пропишува дека државното знаме мора да биде присутно при секое јавно истакнување знаме од заедница, со јасно утврден распоред и примат на македонското.

Мицкоски рече дека лично му испратил порака на градоначалникот на Струга, Менди Ќира, изразувајќи „длабоко разочарување“.

„Лично му испратив порака на градоначалникот дека сум разочаран. Ме убедуваше дека така било секоја година, но не е така,“ изјави премиерот.

Вели, имаше шанса да се истакне како натпартиски градоначалник, градоначалник на сите граѓани, но тоа не го стори. Тој додаде дека не верува дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет ќе ја поддржат ваквата постапка на градоначалникот.

„Не мислам дека советниците на ВМРО ќе ја поддржат работата на овој градоначалник. Му кажав дека ова му е лош почеток – а нов почеток нема шанса да биде со ваков потег,“ порача Мицкоски.

Според него, ваквото постапување не може да се оправда како традиција и претставува некоректен сигнал од локалната власт.

Поврзани вести