
Најавата на претседателот на Бугарија Румен Радев дека нови парментарни избори се решение за политичката криза во која повторно се најде земјата откако Парламентот не го усвои буџетот за следната година. Источниот сосед речиси секоја година оди на избори и не успева да формира стабилна влада. Од односите со Бугарија, односно решавање на спорот зависи почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Тие директно се поврзани со уставните измени на кои источниот сосед инсистира. Власта во Македонија е децидна дека уставни измени без гаранции дека тоа ќе биде последно барање нема да има. Претседателката Сиљановска-Давкова вчера е дека е потребно да се видат уставните гаранции во двете земји и се ќе биде јасно.
Значи јас би била прва што ќе бара уставни измени, доколку правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикува и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги инкорпорирале во Уставот највисоките стандарди, како преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед, изјави Сиљановска – Давкова
.
Доколку Бугарија оди на нови избори тоа значи дека суштински преговори нема да има до напролет а тоа значи ново ввето од страна на ЕУ за почеток на преговорите за Македонија.
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека и да ги внесеме Бугарите во Уставот сигурно ќе има нови услови и ново вето.

Македонски







