
До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов, на денешното судско рочиште.
Тој е зачуден зошто неговиот син Михаљјло Јованов е меѓу обвинетите за ужасот во неговата дискотека.
Зошто Михајло е обвинет, бидејќи тој немаше никакви обврски и активности ниту пак допирни точки со работата на клубот. Тој си имаше негова фирма за дистрибуција, си ги работеше неговите работни обврски со неговата фирма и си беше нормален гостин како и сите“, кажа Јованов.
Бранителката на осудениот Михаил Јованов, Ивана Гоцева изјави:
Правната нелогичност на обвинителниот акт е неспорна, во случајот за Михаил Јованов се највоочливи, за кого обвинителството не прибавило ни еден доказ, ниту едно дејствие на сторено кривично дело.
Одбраната смета дека ОЈО ја довело јавноста во заблуда со предавање на дел од доказите во јавноста и обавување на истите од страна на медиумите.
За Михаил јавноста си дозволи да изнесува секакви факти што дополнително му ги наруши и физичкото и психичкото здравје, Михаил таму ја загуби десетгодишната девојка Бојана со која планираше да гради семејство, го загуби и најдобриот пријател. Михаил работеше со психолози и психијатри за да ги отфрли суицидните мисли, наведе одбраната.
Основното јавно обвинителство Кочани неодамна поведе постапка против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс“.
За тројца од нив донесена е наредба за спроведување истрага.
Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, кои ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот. Тие се осомничени за делото Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице, син на реалниот сопственик на „Пулс“ е осомничен за делото Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик“, соопшти Јавното обвинителство.

Македонски






