Skip to main content

Мицкоски: Обвинувањата на СДСМ за криминал на Владата се чиста клевета, ќе се покаже дека сè е чисто

„Многу пати во минатото СДСМ клеветеше. Мене лично многу пати ме клеветеше уште во времето во опозиција кога бев и има судски пресуди неколку во коишто тие клевети и невистини се констатирани како таква, а за жал до ден-денес СДСМ не се извини. Претпоставувам дека во овие судски процеси ќе дојдеме до судска одлука и ќе треба повторно или ние да се засрамиме, ако навистина сме криминалци и според нивните тврдења сме местеле тендери и тогаш треба, логично е да си поднесеме одговорност и тука нема дилема или, вториот случај, тие да се извинат“, додаде Мицкоски.
 
Тој потенцираше дека не се интересира за јавните набавки од аспект како што тоа се правело во минатото кога браќа на премиери беа бизнисмени и кога сопруги добиваа со владини одлуки земјишта за изградба на фотоволтаици, но после обвинувањата изнесени на прес-конференција се распрашал и добил уверување дека се е според закон и според тендерската документација.
 
„Нормално дека после прес-конференцијата на СДСМ се заинтересирав, се распрашав и апсолутно добив уверување дека е сè според закон и според тендерска документација и дека тој рамковен договор за којшто вие велите е од нула до таа максимална сума којашто вие сега ја споменувате. Значи, може да биде и нула денари, а може да биде и сумата којашто вие ја споменувате. Така што апсолутно јас не гледам никаква незаконитост во рамките на таа набавка. Имало многу случаи кога дури и компании без вработени добивале тендерски постапки итн. доколку тие биле по закон, тука ние ништо не можеме да сториме. Но, бидејќи вие рековте да ја запалиме црвената ламба, јас го повикувам Обвинителството уште денес да дојде и да отвори процес и да го истражи случајот. Доколку има какво било незаконито однесување веднаш да покрене постапка“, нагласи Мицкоски.

Поврзани вести