Skip to main content

Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Почина докторот Венци Чалков, а од него преку социјалните мрежи се простуваат членови на семејството, пријатели, пациенти, познавачи.

Гинекологот Чалков беше дел од судскиот процес, а во врска со смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години.

Тој заедно со колегата Дончо Москов од Струмица беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“, а минатиот месец им беше изречена затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело.

Апелациониот суд ги прогласи за виновни, една недела пред застарување на кривичното дело. По изречената пресуда, најавена беше жалба до Врховниот суд.

Врховниот суд делумно ја прифати жалбата на Вишото обвинителство Скопје и условната затворска казна на 15 октомври која ја изрече Апелација Скопје, ја преиначи во затворска казна во време од 10 месеци, додека на вториот гинеколог Дончо Москов му ја отфрли жалбата и остана алтернативната затворска казна од шест месеци затвор ако во наредните две години стори ново кривично дело.

Обајцата беа обвинети за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 4 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од 6 месеци до пет години. Во овој случај беа обвинети и анестезиолозите Зоран Јовановски, кој почина во истрагата, и Томе Ванчев, кој почина пред две години. Смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе се случи на 22 октомври 2015 околу 22.15 часот.