Skip to main content

Трамп предупредува: Ако Мадуро одбие доброволно да се повлече од власт, САД ќе употреби сила

Американскиот претсдател Доналд испратил директна порака до претседателот на Венецуела Николас Мадуро дека доколку одбие доброволно да се повлече од власт, САД употреби сила, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на информирани извори.

Соединетите Американски Држави се подготвени да разгледаат воена интервенција во Венецуела ако претседателот Николас Мадуро не ја напушти функцијата доброволно“, објави весникот,

Според публикацијата, ултиматумот бил издаден во телефонски разговор меѓу Доналд Трамп и Мадуро минатата недела.

Извори тврдат дека американскиот претседател предупредил дека ако Мадуро одбие доброволно да се повлече, Вашингтон ќе разгледа „други опции, вклучително и употреба на сила“.

Во услови на ескалација на ситуацијата, Трамп, исто така, објави затворање на воздушниот простор над и околу Венецуела. Одлуката се совпадна со континуираното зголемување на американските воени сили во Карибите.

Поврзани вести