Денеска (28.12.) во 02.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „Хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.П. (21) од село Ѓавато, гевгелиско, удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци. Во несреќаат со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а констатирани во Општата градска болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.