Skip to main content

Словачка се согласува да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин претходно оцени дека е „прифатливо“ таа да стане „платформа“ за дијалог.

Ако некој сака да води мировни преговори во Словачка, ќе бидеме подготвени и ќе укажеме добредојде“, објави премиерот Роберт Фицо на Фејсбук.

Словачкото Министерство за надворешни работи посочи дека овој дијалог треба да се одвива со учество на Русија, за разлика од самитот што е закажан во Швајцарија за јуни 2025 година.

Рускиот претседател во четвртокот потврди дека Словачка, чија неутрална позиција ја пофали, понудила да биде еден вид „платформа“ за евентуални преговори.

Изјавата на рускиот претседател ја сметаме за позитивен сигнал за што поскоро ставање крај на оваа војна, крвопролевање и уништување“, напиша на Фејсбук словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар.

Според Бланар, во октомври Братислава ги информирала „украинските партнери“ за нејзината достапност за мировни преговори.

Поврзани вести