Skip to main content

Кинеска авиокомпанија ќе ја нуди најдолгата авиолинија во светот помеѓу Шангај и Буенос Аирес

Freepik

Авиокомпанијата „China Eastern Airline“ од следната недела ќе го вклучи во својата понуда најдолгиот комерцијален лет во светот, од кинеската економска метропола Шангај до аргентинската престолнина Буенос Аирес, објавија денеска кинеските медиуми.

Линијата што ги поврзува градовите оддалечени 20.000 километри ќе биде во функција од 4 декември. Шангај и Буенос Аирес се наоѓаат на речиси спротивни страни од земјината топка.

Аргентинската влада денеска официјално даде зелено светло за новата линија, објавувајќи ја одлуката во службеното гласило.

„China Eastern Airline“ пресмета дека летот на одење ќе трае 25,5 часа, додека на враќање ќе трае 29 часа.

Меѓутоа, тоа нема да биде лет без застанување бидејќи авионот „Боинг 777-330ЕР“ ќе има една меѓустаница во Оукленд, на Нов Зеланд, за технички проверки, промени на персоналот и полнење гориво, пишува порталот посветен на воздушниот сообраќај Aero.

Во Оукленд, патниците ќе можат накратко да излезат од авионот за време на двочасовниот одмор.

Поврзани вести