Skip to main content

Украинците „го докажаа“ присуството на сверенокорејски војници со фотографија стара скоро три години

Украинската војска се пофали дека наводно нејзините сили заробиле севернокорејски војник, а тие извештаи ги презеде и и јужнокорејската разузнавачка агенција. Во објавата се објаснува дека затвореникот наводно бил ранет.

За да ги потврдат своите зборови, украинските сили објавија фотографија од два лика, каде што едниот е со азиски изглед, а другиот човек во воена униформа со покриено лице.

Сепак, корисниците на социјалните мреи посочуваат дека станува збор за стара фотографија, која е објавена на Редит уште во февруари 2022 година.

Ова не би било прв обид со лажни фотографии или видеа украинските или некои од западните медиуми да прават обид да докажат дека има присуство на севернокорејски војници во конфликтот. Претходно, британски „Дејли мејл“ мораше да принае дека искористил фотографии обработени со вештачка интелигенција за сторија за „Севернокорејски жени војници во Русија“.

Според лажната приказна, „корејските сестри Веи и Лин служат во регионот Курск веќе две недели, а наводно, руските војници ги нарекуваат „Вера и Лида“, додавајќи дека „не е јасно зошто Русите ги преименувале девојките“.

Оригиналната слика е преземена од видеото „Девојки близначки служат од 2014 година“, кое ја раскажува приказната за две 25-годишни девојки војници, родени во Макеевка во регионот Доњецк, снимен минатата година.

Поврзани вести