
ЗА СОВРЕМЕНО ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ
Процесот на доделување на студентските вредносни ваучери за набавка на електронски уреди интензивно се одвива, а интересот е рекорден. Студентите веќе аплицираат и ги подигнуваатуредите што ќе им овозможат современо, конкурентно и европско ниво на студирање.Владата информира дека заклучно со 22 ноември, доделени се вкупно 33.682 ваучери, секој вовредност од 15.300 денари. Од нив, 11.500 студенти веќе го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред.
„Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати. Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во блиска соработка со Министерството за дигитална трансформација и со Министерството за образование и наука“ – рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
Со оваа мерка, студентите добиваат алатки што ги приближуваат до европските стандарди во образованието – современи уреди што обезбедуваат еднаква дигитална основа со онаа на нивните европски колеги, овозможувајќи им пристап до онлајн ресурси, дигитални библиотеки, меѓународни програми и модерни платформи за учење.
Ова означува поконкурентна подготовка за пазарот на труд што бара дигитални вештини, како и суштинско намалување на дигиталната нееднаквост, што е клучен предуслов за рамноправно академско натпреварување по европски стандарди.
Аплицирањето за студентските ваучери продолжува и понатаму преку Националниот портал за еуслуги uslugi.gov.mk, a сите студенти имаат можност да поднесат апликација до 20 декември 2025 година, без разлика дали се или не се во евиденцијата на МОН. Процесот е едноставен, целосно дигитализиран и овозможува брзо добивање на вредносен ваучер, кој може да се реализира до 31 декември 2025 година.
Се охрабруваат сите студенти да ја искористат оваа можност и навремено да аплицираат за уред кој ќе им помогне во студирањето и нивниот современ образовен развој.

Македонски








