
Европа треба да биде казнета со сите расположливи средства бидејќи одби да им помогне на руските морнари откако руски товарен брод потона во Средоземното Море, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.
Тој на својот профил на каналот Телеграм напиша дека Европа мора да биде казнета со сите расположливи средства: политички, економски и сите видови хибридни.
Медведев рече дека денеска е обелоденето дека екипажот на норвешкиот брод „Осло Кариер 3“ одбил да ги спаси руските морнари откако рускиот товарен брод „Големата мечка“ потонал во Средоземното Море.