Skip to main content
rbLyjPycUo0

СДСМ – партијата од јахтата

Судењето за пожарот во Кочани започнa. Осум месеци по трагедијата, обвинетите седнуваат во судница. Македонци, Албанци, Роми, но тоа е најмалку битно. Меѓу нив има и неколкумина поранешни министри од ДУИ. Можам само да претпоставам што ќе се случи ако тие бидат осудени. Што ќе прават тогаш оние борцине за човекови права од ДУИ?прашува авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Ќе организираат протест на плоштадот Скендербег дека во оваа земја не смее да им се суди на Албанци Се за демократијата и соживотот. Не е само ДУИ што тера политика од оваа трагедија. Тука е и нивниот коалициски партнер СДСМ. Еве Филипче најави собраниска анкетна комисија за Кочани. Не за џабе се вели дека ако сакаш нешто да скриеш формирај комисија. На случајот со пожарот не му е место во Собрание туку во судница.

Обвинението ќе го застапуваат дури 15 обвинители за да не се случи некој обвинител случајно да му се слоши или да снеможе па судењето да се одоловлекува до недолгед.  судијката Диана Груевска Илиевска ќе има шанса да дожаже дека не се сите со два посто доверба.

Она што е поважно е дали ние како држава ја научивме лекцијата за недај боже да не ни случи ново Кочани. Дали нашите болници се поподготвени да примат толкав број повредени одеднаш, дали ноќните клубови и дискотеки сега ги исполнуваат сите услови, работат со легални лиценци или децата и натаму ќе се собираат во шупи и подруми а родителите да не спијат по цели ноќи дали ќе се вратат живи и здрави.

Затоа е важно, оние за кои ќе се докаже вина да ја добијат заслужената казна. 16 март беше еден од најтажните денови во поновата македонска историја. Ова судење ќе трае можеби со години, но како се вели правдата е спора но достижна. Тоа им го должиме на настраданите и на нивните семејства.

ВО СДСМ се зрели за дијагноза. Џабе Филипче е доктор кога кога не може да ја постави дијагнозата на Бихачка. Никој не се сака да му биде во партиските тела како недај боже да е лепрозен. Еве Венко на тој што го доживеа најголемиот пораз на локалните избори во Општина Аеродром го награди со потпретседателско место во партијата. Знаете ли кој е првиот услов да напредуваш во СДСМ. Условот е да се пловишна јахтата на Заев во Грција и да уживаш за сите пари. Јака препорака, нема што. Двајца доктори пациентот, клинички мртов. СДСМ може да си го смени името во Партијата од Јахтата

Поврзани вести