
Словачка размислува да поднесе тужба против ЕУ, која планира од 2028 година да воведе суспензија на испораките на руски гас поради војната во Украина, изјави денеска премиерот на Словачка Роберт Фицо.
Словачка и Унгарија ги критикуваа плановите на ЕУ постепено да го укине увозот на руски енергенси бидејќи и двете земји сè уште во голема мера зависат од испораките на гас и нафта од Русија и стравуваат дека поскапите алтернативи ќе им наштетат на нивните економии.
Словачкиот премиер Фицо, кој не се согласува со мнозинството европски земји поради својот проруски став, денеска потврди дека ги задолжил своите министри за економија, надворешни работи и правда да ги анализираат опциите за поднесување тужба против ЕУ поради прекинот на испораките на руски гас за Словачка.
– Владата следната недела ќе ја разгледува можноста за поднесување тужба. Сè многу ќе зависи од тоа како Европската комисија ќе ги исполни преземените обврски кон Словачка, кои ги потпиша претседателката на Европската комисија, рече Фицо.

Македонски








