Германскиот производител на автоделови, „Герхарди Кунстштофтехник“ кој ги изработуваше препознатливите амблеми за возилата на „Мерцедес“, прогласи банкрот, јавија светските медиуми.
Причината за банкротот на компанијата која произведуваше автомобилски компоненти, меѓу кои и решетки за радијатори за „Мерцедес-Бенц“, „Ауди“ и други автомобилски компании, е тоа што таа подолг период работела со зголемени трошоци и пад на побарувачката за производите.
Според последните достапни податоци, бројот на вработени во компанијата е 1.500 луѓе.