Skip to main content
3dB--ZxRS6g

Mусети го преболе поразот од Ноле, победа на завршниот Мастерс

 Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети синоќа го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во меч на Завршниот АТП турнир во Торино.

Натпреварот траеше 2 часа и 48 минути и заврши со 7:5, 3:6 и 7:5. Ова е прва победа за Мусети на турнирот.

Дваесет и тригодишниот Италијанец сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Неговиот противник сервираше 10 аса, немаше двојни грешки и реализираше две од пет брејк топки.

Италијанецот ќе игра против лидерот во групата, Карлос Алкараз, во третото коло. 

Наградниот фонд на турнирот изнесува 15,5 милиони долари