Skip to main content

Почина поетесата Славица Свидерска

Друштво на писателите на Македонија

На 41-годишна возраст денеска почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола), соопштија од Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).

Свидерска беше доктор по филолошки науки. Лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Преведувана е на десетина јазици и добитничка е на повеќе поетски награди во земјава и во странство.

Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“(2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“(2016) и „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023), Мистичен си свету (2025), научните монографии „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018), како и книжевно-филозофските есеи „За смислата и за апсурдот“ (2017).

Погребот ќе се одржи утре, 13.11. од 11 до 12 часот на Светонеделските гробишта во Битола.

Поврзани вести