Skip to main content

Директорот на „Ново Нордиск“ се онесвести пред Трамп во Овалната соба

Извршен директор на фармацевтска компанија се онесвести за време на состанок во Овалната соба во Белата куќа.

Темата на состанокот беше објавата на Доналд Трамп за цените на лековите за слабеење, а според медиумските извештаи, д-р Мехмет Оз бил на местото на настанот и веднаш му притрчал на помош.

Претставникот на Ново Нордиск, Гордон Финдли, се онесвестил додека извршниот директор на Ели Лили, Дејвид Рикс, зборувал на настан во Овалната соба каде што Трамп и претставниците на производители на лекови објавиле договор за проширување на покриеноста и намалување на цените на лековите за дебелина „Zepbound“ и „Wegovy“.

Д-р Оз, лекар кој работи како администратор на Центрите за услуги за Медикер и Медикејд во администрацијата на Трамп, веднаш одговорил за да му помогне на Финдли, заедно со другите во просторијата.

Новинарите биле изведени од просторијата кратко по несреќниот инцидент, а емитувањето било прекинато. Зошто Гордон Финдли се онесвестил и каква е неговата моментална состојба, засега е непознато.

Поврзани вести