
Голем дел од Прилеп и околните населени места попладнево останаа без електрична енергија поради дефект на далноводот Прилеп – Кавадарци.
Од Општина Прилеп соопштија дека екипите на МЕПСО и ЕВН Македонија се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.
-Екипите се ангажирани и прават сè за што побрзо нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Општината е во постојана комуникација со надлежните служби – стои во соопштението.
Од Општината апелираат граѓаните да покажат трпение и разбирање додека траат интервенциите, и најавуваат дека јавноста навремено ќе биде известена за сите нови информации поврзани со состојбата.
 
                    
 
                         Македонски
Македонски








