Утрово во 06.05 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.У. (50) од Скопје,.
Како што соопшти МВР, тој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292 (тешки дела против општата сигурност) од КЗ.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.