Skip to main content

Филипче на средба со граѓани во крушевското село Јакреново

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со граѓани во крушевското село Јакреново, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. 

Филипче посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

Во сите места во крушевксиот регион има што да се види. Што Томе со својата посветена, искрена, чесна работа и со својата визија за развој на регионот, има направено – асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени станици. Сѐ направи за Крушево да го постави на мапата на туризмот, не само во Европа, во светот, посебно во еден спорт, тоа е параглајдерството, рече Филипче.

Тој додаде дека Крушево е рекордер по реализација на проекти. Филипче нагласи дека во мандатите на Христоски се реализирани преку 70 капитални инвестиции.

Само 80 гласа му фалеа на Христоски за победа во првиот круг, што ја  потврдува неговата успешна работа како градоначалник, но и јасно ја изразува волјата на граѓаните на Крушево дека тој треба да продолжи да ја води Општината, изјави Филипче.

Лидерот на СДСМ порача дека токму таквиот пристап на отвореност, домаќинско работење и почит кон секој граѓанин ја разликува партијата од политичките противници.

Секаде се луѓето отворени, секаде луѓето слушаат, не прават поделба, секаде луѓето ги реализираат ветените програми и тоа вистински како што треба. Вистински инфраструктурни проекти. И тоа не морам јас да ви го кажувам, вие тоа најдобро го знаете. Ако треба асфалтирање, водовод и канализација, градинка, училиште што и да треба градоначалникот излегува во пресрет, потенцира Филипче.

Тој вели дека во многу средини има обиди за поткуп, затоа ги повика граѓаните да одолеат на таквите притисоци и да дадат поддршка на луѓето кои работат чесно и со вистински резултати.

Пријавивме притисоци и закани по работните места на гласачите, особено членови и симпатизери на СДСМ, поткуп и обиди за поткуп, па дури и на самите гласачки места. Дополнително, компании биле принудувани да присуствуваат на одредени настани, што не е во духот на демократијата. Сите овие забелешки се официјално доставени до Државната изборна комисија и до ОБСЕ/ОДИХР, рече Филипче.

Канидатот за градоначалник и актуелен прв човек на Општина Крушево Томе Христоски рече дека промената на подобро се чувствува токму тука, од Јакреново.

Изминатите осум години вистински и суштински сме со населението, рамномерно во секое населено место градевме суштински, решававме горливи проблеми и направивме многу, рече Христоски и најави по еден капитален проект во населените места. – Ни претстои уште работа да го доработиме она што сме го започнале. Најавувам со секое населено место најмалку уште еден капитален проблем и решавање на горлив проблем на нашите сограѓани, без разлика дали се водоводи, канализации, пристапни патишта, реконструкција на училиште. Сето ќе биде заеднички, изјави Христоски во крушевско Јакреново каде беше на средба со граѓаните. 

Поврзани вести