
Министерката за надворешни работи на Cеверна Кореја, Чое Сонг-хуи денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот колега Сергеј Лавров.
Големо задоволство ми е што Ве сретнав. Пренесете ги моите најдобри желби до шефот на државата (Ким Џонг-ун), истакна Путин на средбата во Кремљ со Чое.
Во соопштението на руското МНР, се наведува дека Чое и Лавров разговарале за актуелните билатерални односи.
Министрите ја потврдиле својата цврста посветеност на спроведувањето на одредбите од Договорот за сеопфатно стратешко партнерство.
Лавров и Чое разговарале и за меѓународната ситуација и се согласиле дека агресивните акции на САД и нивните сојузници се главната причина за зголемувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров, во Североисточна Азија и во светот како целина.

Македонски








