Skip to main content

Петар Јанков од денес е нов градоначалник на Струмица

Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг почнаа да ги преземаат функциите. Во Струмица веќе се случи промената. Попладнево, Костадин Костадинов ја напушти, а Петар Јанков седна во градоначалничката фотелја.

Петар Јанков го доби уверението од ОИК и од денеска официјално е нов градоначалник на Струмица, откако ВМРО-ДПМНЕ победи прв пат по 20 години во овој град уште во првиот круг.

Јанков го доби уверението за четиригодишниот мандат за градоначалник на општина Струмица од страна на претседателката на Општинската изборна комисија, Елисавета Пецева.

Претходно во 11:00 часот и новоизбраните членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата од Општинската изборна комисија, а деновиве се очекува и свикување на првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица.

Поврзани вести