
Нашата земја е создадена врз идејата за заедништво. Тоа е нејзината најголема сила и најголема обврска.
Нашата татковина е татковина и дом на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои ја чувствуваат како своја татковина, истакна премиерот Мицкоски во говорот.
Сите тие ја обликуваат како мозаик што свети во својата различност, но и во своето единство.
Нашата задача денес е да го унапредуваме тоа единство, да ја градиме довербата меѓу заедниците и да покажеме дека државата е подеднакво мајка за сите свои граѓани.
Тоа не се постигнува со зборови, туку со дела.Со еднакви шанси во образованието, еднаков пристап до институциите, рамноправност во секојдневниот живот.
Само така ќе создадеме општество во кое никој нема да се чувствува заборавен, а секој ќе се чувствува ценет и почитуван.
Да не дозволиме некој да нè дели по вера, јазик или етничка припадност, затоа што само заедно можеме да го одржиме мирот, да го изградиме просперитетот и да ја сочуваме иднината на нашата татковина – Македонија.
Зборуваме за Македонија во минатото, за нејзините борци, идеали и победи.
Зборуваме и за сегашноста.За предизвиците.За реформите. За секојдневната борба да создадеме подобар систем и подобар живот.
Но, сакам денес да размислуваме и да ја планираме Македонија на иднината.Македонија што ќе ја препознаеме по редот, работата и напредокот. Македонија во која институциите ќе бидат сервис на граѓаните, а не товар.
Во која трудот ќе се вреднува, младите ќе остануваат, а семејствата ќе имаат сигурност и перспектива.
Ја гледам како држава што вложува во знаење, во нови технологии и иновации, што создава домашна економија конкурентна на европскиот пазар, што гради современа инфраструктура и чиста животна средина.
Земја што не чека да ѝ се случи иднината, туку сама ја создава.

Македонски








