Skip to main content

Мицкоски: Имаме градоначалници во над 30 општини, Орце ќе победи во вториот круг во Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се огласи по првиот круг на локални избори. Мицкоски прогласи победа на партијата во над 30 општини уште во првиот круг, а најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи има убедливо водство.

Пред нас е се уште две недели на одлука, на која треба да ја заокружиме промената. Тезата дека имало нерегуларности е плитка, а сето тоа е алби да се оправда слабиот резултат на опозицијата.

Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Имаме победи и во општини каде што СДСМ имаше свои градоначалници, како што е Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден. Имаме победа во Делчево, Берово, убедлива победа имаме во Битола, во Прилеп, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес, Радовиш и така натаму.

Орце има огромно водство во Скопје, и таму извесен победник е Орце во вториот круг, изјави Мицкоски.

Поврзани вести