
Импресивна, 100-дневна глобална прослава на човештвото, наследството и хармонијата – организирана од мисијата „Еден свет, едно семејство“. Тоа е повеќе од фестивал – тоа е жив доказ за моќта на љубовта, служењето и единството во различноста. На овој фестивал беше претставена и Македонија.

Станува збор за значаен настан што ги почитува културното богатство и хуманитарните иницијативи на секоја нација. Пред присутните беа претставени Скопје, Охрид, Самоиловата тврдина. Камениот мост, македонската кујна, Кирил и Методиј, Тешкото…потоа, Мајка Тереза, Тоше Проески, Есма Реџепова и многу други значајни знаменитости, личности и настани.