
Мигранти од земјите на Централна Азија, коишто се во Русија, во голем број ја напуштаат земјата и бегаат во Србија, пишува киргистанското издание „К-Њуз“.
Како што пишува медиумот, Србија станува нов магнет за централноазиските мигранти, кои масовно ја напуштаат Русија поради „растечката ксенофобија“, строгите проверки и влошувањето на условите за странските работници.
Изданието, повикувајќи се на кажувања на мигранти, известува дека животот во Русија станал небезбеден: рациите на полицијата станале почести, обработката на документи станала покомплицирана, а притисокот се зголемил по терористичкиот напад врз концертната сала „Крокус“ во Москва, во којшто учествуваа повеќемина мигранти од Централна Азија.