
Кинеското Министерство за трговија соопшти дека официјален Пекинг е подготвен да возврати на одлуката на Доналд Трамп да воведе 100% царини.
Министерството истакна дека ваквите закани се неприфатливи и не придонесуваат за конструктивни односи.
Доколку САД продолжат по својот избран курс, ќе преземеме решителни мерки за да ги заштитиме нашите легитимни интереси“, се вели во соопштението на министерството.
Во документот, исто така, се наведува дека, по „трговското примирје“ постигнато во Мадрид, Вашингтон продолжил со своите рестриктивни дејствија: воведување нови санкции и проширување на црните листи на кинеските компании.
Кина ги обвини САД за злоупотреба на националната безбедност и користење еднострани мерки против кинеските стоки, вклучително и полупроводничка опрема и микрочипови.