Skip to main content

ВРЕДИ: Секс-скандалот со Дехари е одраз на политичката култура

Коалицијата Вреди соопшти дека со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, каде што кандидатот на Националната алијанса за интеграција се гледа во ситуации што го деградираат имиџот на институцијата и јавниот морал.

„Ова е само одраз на политичката култура која 20 години ја задушува одговорноста и го крева срамот на ниво на стандард. Не се радуваме на ничиј срам, но имаме обврска јасно да кажеме дека Кичево заслужува подобро. Затоа граѓаните на Кичево, на 19 октомври, имаат можност да зборуваат со еден глас против овој деградиран модел“, се наведува во соопштението од Вреди.

Поврзани вести