
Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, се осврна на обезбеденото учество на националниот тим на Светското првенство во 2026 година.
-Понекогаш изгледа лесно. Но, овие групи и натпревари можат да бидат тешки… Зборуваме за високи стандарди, без разлика со кого играме, за да го одржиме моментумот, а овој квалификациски турнир го докажа тоа, изјави Кејн за „ESPN 32-годишниот“.
Англија синоќа ја победи Летонија во квалификациски натпревар и избори учество на Светското првенство во 2026 година пред завршување на квалификациите, откако освои 18 бода од шест натпревари.
За второто место во оваа група се борат Албанија и Србија