
Пејачот Сергеј Ќетковиќ се прости од својот близок пријател и колега, членот на дуото ДНК, Владимир Блажев – Панчо, кој неодамна почина, оставајќи силен белег на регионалната музичка сцена.
Во емотивна објава на социјалните мрежи, Ќетковиќ напиша дека од првиот ден го гледал Панчо како брат, нагласувајќи дека нивната поврзаност била природна и искрена.
„Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш, тоа чувство кога некого го препознаваш веднаш – како да го познаваш цел живот. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа и ме охрабруваа секој нов ден. Имавме многу планови, идеи, толку многу нешта за да направиме, да раскажеме, да осмислиме… Патувај, брате мој, одмори се. Нека те водат ангелите кон подобро место, и нека ти подари Господ рајски живеалишта. Те сака твојот брат,“ напиша Ќетковиќ.
Објавата наиде на бројни реакции и изрази на сочувство од колеги, пријатели и фанови од целиот регион, кои се потсетија на заедничките настапи и соработки меѓу Ќетковиќ и Панчо.
Владимир Блажев – Панчо беше познат како половина од хип-хоп дуото ДНК, кое со години создаваше хитови што ја обележаа домашната музичка сцена. Неговата ненадејна смрт предизвика голема тага во јавноста, а бројни уметници му оддадоа почит преку трогателни пораки и фотографии.