Skip to main content

Бактериска инфекција причина за смртта на Панчо

По долготрајната и тешка битка со последиците од трагедијата во Кочани, утрово, нешто после 10 часот, во приватната клиника каде што седум месеци се лекуваше, почина Владимир Блажев – Панчо, предводникот на ар ен би дуото ДНК.

Неофицијалните информации говорат дека последните недели, особено последните денови се борел со тешка бактериска инфекција, која била животозагрижувачка, а лекарите и медицинскиот персонал и покрај целата борба и се што можеле да сторат, не успеале да му го спасат животот, пишува ВИСТИНА.МК.

Панчо, утрото по несреќата на 16 март, беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а неговата сестра за медиумите тогаш потврди дека има повреди по лицето и рацете, но дека е вон животна опасност.

Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции. Но денеска Македонија во неверување со збогува со Панчо, кој реши да се придружи на Андреј и останатите членови на бендот ДНК кои го загубија животот во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, кој избувна за време на нивниот настап.

Поврзани вести