
Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за можноста да бидеме денес тука, да им се заблагодарам на здравствените работници коишто се дел од оваа клиника што работеле и имале трпение во услови коишто биле такви какви што биле, да бидам попрецизен- никакви, рече премиерот Мицкоски при денешната посета на Клиниката за трауматологија.
Она што ние планираме да го правиме во здравството после завршувањето на локалните избори, ќе бидат озбилни, структурни реформи бидејќи имам чувство дека годишно трошиме околу една милијарда евра, а не го добиваме тоа што граѓаните и пациентите го заслужуваат.
Но, исто така и здравствените работници, се разбира. Мислам дека има премногу надворешни влијанија, тие надворешни влијанија треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во којшто ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти. Ваквите иницијативи се секогаш добредојдени.
Му честитам и на директорот, му благодарам и на министерот за поддршката и на сите луѓе коишто се вклучени, а како што кажа и директорот пред и над се на здравствените работници коишто биле дел од оваа клиника коишто во суштина работеле во услови коишто не биле услови, рече Мицкоски.