Skip to main content

Два дена посебен сообраќаен режим – Подгответе се за големи гужви

Посебен сообраќаен режим во Скопје најавен за утре и за задутре поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. г-дин Петер Пелегрини.

На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, информираше МВР.