Skip to main content

Kампањата за локалните избори влегува во последната недела, политичките партии продолжуваат со претставување на програмите

Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати за градоначалници пред граѓаните, во рамки на кампањата за локалните избори закажани на 19 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги презентираат своите кандидати во општините Росоман, Градско, Лозово и Велес. Од друга страна, СДСМ најави активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, Виница и Кочани.

Претставници на Левица денеска ќе се сретнат со граѓани во Кочани и Штип, каде што ќе ги промовираат своите кандидати за градоначалници и советници.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Доколку биде потребен втор круг, тој ќе се одржи на 2 ноември.

Поврзани вести