Skip to main content

Луѓето со аутизам ќе може да се вработуваат: Фирмите ќе ги користат нивните дарби

Луѓето кои имаат аутизам за првпат влегоа во Законот за вработување на инвалидни лица и отсега работодавачите, сопственици на фирми ќе можат да ги користат нивните специфични дарби за одредени професии и наместо сами да обезбедуваат пари за посебни простории, услови за работа, слушалки за изолирање од надворешни звуци, гужви и галами, ќе можат да аплицираат и државата да им помогне, пишува СДК.мк.

Измената на Законот за вработување на инвалидни лица со која и лицата со аутистичен спектар на нарушување и лицата со други первазивно развојни растројства ќе можат да бидат вработени, Собранието ја донесе во септември, а законската измена законска ја побара Народниот правобранител, обраќајќи.

„Иницијативата беше прифатена од Владата и таа го задолжи надлежното Министерството за социјална политика, демографија и млади да подготви и до Владата да достави Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за вработување на инвалидни лица во насока на додавање на лицата со аутистичен спектар на нарушувања и лицата со други первазивно развојни растројства како инвалидни лица, а со цел остварување на правото на вработување и работа, согласно овој Закон“, истакнале од канцеларијата на Народниот правобранител за медиумот.

Поврзани вести