Skip to main content

Предновогодишна „Импровокација“ на 29 декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид

Предновогодишна „Импровокација“ на 29 декември со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу.

За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, велат од екипата.