
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини утрово е умерен, соопштува АМСМ. Најзначајни задржувања се забележуваат на два гранични премини: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ се чека околу 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.
Сообраќајот по државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 официјално стартува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без разлика на актуелните временски услови. Овој режим ќе трае до 15 март 2026 година.
Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, прилагодена брзина и строго почитување на поставената сообраќајна сигнализација. АМСМ особено предупредува на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои ризик од појава на одрони. Најкритични се патните правци:
Катланово – Велес,
Маврово – Дебар – Струга,
Виница – Берово,
Кочани – Делчево.

Македонски






