Skip to main content

Повторно запалено возило на поранешниот началник на СВР Штип

Повторно е запалено возило во Штип, овојпат на поранешниот началник на СВР, Боби Гидиоски. Возилото е опожарено на улицата „Ванчо Китанов“ на паркингот пред станбената зграда, а во Полициската станица во Штип настанот бил пријавен во пет минути по полноќ.

Возилото „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото.

Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто за помалку од два месеци.

Во октомври беше запалено и  возилото на управителот на регионалната М-Нет телевизија, потоа гореше автомобил во населба Балканска, а пред два дена опожарено беше возило на улица „Сремски фронт“ во Штип. 

Возило на Гидиоски беше запалено и лани летото:

Поврзани вести