Skip to main content

Понајдени околу 5.500 парчиња пиротехника при претрес во Куманово

На 16.12.2024 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово.

При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства.

С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести