Skip to main content

ЈО контра опозициските лажни вести: Не е отфрлена кривичната пријава нa МВР против експремиерот Ковачевски

ЈО со соопштение ги „ничкоса“ лажните вести на опозициските медиуми. „За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат“, соопшти ЈО. Во превод (за неписмени и за ултра-опозициски медиуми) никогаш и не била отфрлена кривичната пријава што МВР ја подесе против експремиерот Димитар Ковачевски и поранешен генерален секретар. Јавното обвинителство известува дека само се уште ги проверува наводите во пријавата.

Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените 6 лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на владината седница на 6.6.2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука, претседавал единствено сега осомничениот, информира ЈО.

Од ЈО велат дека со владината седница на која е донесена спорната владина одука во врска со Државна лотарија, претседавал вицепремиерот Артан Груби и дека пријавата против Ковачевски е во врска со друго дејствие и во друг временски период.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера рече дека поднеле кривични пријави во ЈО против 8 лица во врска со криминал во Државна лотарија, меѓу кои се поранешни премиер, вицепремиер, директор, генерален секретар и четворица државни службеници.

Поврзани вести